На 5 август 2026 година, на подрачјето на општина Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 25-годишната М.Ј.Г. и 35-годишниот В.Г., двајцата од Велес.
При преземените мерки, кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосното документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

