Вчера во 12:31 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници гo лишија од слобода Р.Е.Р.Л.(70) од Сојузна Република Германија.

При гранични проверки и контрола во возило „фиат” – кампер со германска национална ознака, кое го управувал, пронајдена и одземена е марихуана.

Лицето е задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version