Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.К.(49), Р.Р.(36), И.Г.(29), Н.А.(39), 40-годишната Н.Т.С., М.К.(39) и 16-годишник, сите од Скопје и Т.А. од Италија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста и бела прашкаста материја, кристална материја,  марихуана и нож.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Exit mobile version