Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Светскиот ден на велосипедот ги повика центарци да аплицираат за субвенции за велосипеди, електрични велосипеди и дополнителна опрема и да се приклучат на иницијативата „Цел Центар на точак“, насочена кон поттикнување на еколошки и одржлив начин на превоз.
,, Ова е одличен повод уште еднаш да ги повикам граѓаните да ја искористат можноста што ја нуди Општина Центар”. Јавниот повик е во тек, средствата сè уште се достапни и ги охрабрувам сите заинтересирани да аплицираат. Да го одбележиме овој ден на велосипед и да придонесеме за почиста животна средина, помал сообраќаен метеж и поздрави навики“, порача Герасимовски.
Тој потсети дека Центар е прва општина што воведе субвенции за купување велосипеди, електрични велосипеди и дополнителна опрема за нив, како дел од поширока стратегија на локалната самоуправа за одржлив развој.
Граѓаните сè уште имаат можност да се пријават на јавниот повик и да добијат поддршка до 30 проценти од вредноста на велосипедот, најмногу до 3.000 денари, односно до 1.000 денари за дополнителна опрема.
Повеќе информации се достапни на веб-страницата на Општина Центар ЈАВЕН ПОВИК За доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар-Скопје за купување велосипеди и е-велосипеди, и за купување на дополнителна опрема за велосипеди и е-велосипеди , во 2026 година | Општина Центар


