Членките на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС како општествено
одговорни компании, во интерес на заштита на сите граѓани, а особено младите кои се
најфреквентни корисници на социјалните медиуми, во согласност со позитивните законски
прописи ја известуваме јавноста за следното:
Веќе подолг временски период на социјалните мрежи масовно циркулираат лажно креирани дигитални вести кои во суштина се онлајн измама која има за цел да навлекува посетители кои свесно и со умисла се ставаат во заблуда дека наводно нашите компании-членки приредуваат онлајн игри на среќа. Овие измамнички вести упорно се пласираат на македонски и англиски јазик.
Сакаме јасно да ставиме до знаење дека казината „Фламинго“ (Гевгелија и Скопје), „Гранд
Казино Адмирал“, „Луксор“, како и автомат клубовите „Астра“, „Адмирал“, „Апекс“, „Моцарт“ и
„Спортлајф“ НЕ приредуваат онлајн игри на среќа согласно македонското законодавство за
приредување игри на среќа! Лажните вести, кои измамнички го рекламираат спротивното се
обид за злоупотреба на корпоративен углед на нашите членки. Оттука, добронамерно им
препорачуваме на нашите посетители да се информираат од официјалните комуникациски канали на нашите членки.
Во меѓувреме ги преземаме сите неопходни законски дејствија за заштита на нашите
брендови. Очекуваме надлежните државни институции да ги преземат неопходните чекори за
спречување вакви негативни појави.
- Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам: „Да бидеме луѓе на мирот и правдата“
- Променливо облачно со сончеви периоди и засилен северен ветер
- Официјално започнува пролетта: Денот сè подолг, времето променливо облачно
- Финска девет години последователно најсреќна држава во светот
- Мисајловски: Секоја членка на НАТО мора сè повеќе и повеќе да вложува во модернизација одбраната
- Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми
- Мисајловски за војната во Иран: Безбедносната ситуација кај нас е стабилна
- За акцијата стигна потврда и од МВР: Се апси за коруптивни дела


