Членките на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС како општествено
одговорни компании, во интерес на заштита на сите граѓани, а особено младите кои се
најфреквентни корисници на социјалните медиуми, во согласност со позитивните законски
прописи ја известуваме јавноста за следното:
Веќе подолг временски период на социјалните мрежи масовно циркулираат лажно креирани дигитални вести кои во суштина се онлајн измама која има за цел да навлекува посетители кои свесно и со умисла се ставаат во заблуда дека наводно нашите компании-членки приредуваат онлајн игри на среќа. Овие измамнички вести упорно се пласираат на македонски и англиски јазик.
Сакаме јасно да ставиме до знаење дека казината „Фламинго“ (Гевгелија и Скопје), „Гранд
Казино Адмирал“, „Луксор“, како и автомат клубовите „Астра“, „Адмирал“, „Апекс“, „Моцарт“ и
„Спортлајф“ НЕ приредуваат онлајн игри на среќа согласно македонското законодавство за
приредување игри на среќа! Лажните вести, кои измамнички го рекламираат спротивното се
обид за злоупотреба на корпоративен углед на нашите членки. Оттука, добронамерно им
препорачуваме на нашите посетители да се информираат од официјалните комуникациски канали на нашите членки.
Во меѓувреме ги преземаме сите неопходни законски дејствија за заштита на нашите
брендови. Очекуваме надлежните државни институции да ги преземат неопходните чекори за
спречување вакви негативни појави.
Актуелно
- АПИС ја информира јавноста за онлајн измама на социјалните мрежи
- СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра
- Герасимовски најави поголеми стипендии и бесплатни оброци за сите ученици во Центар
- Дневен хороскоп: Јарците во фаза на стратегија, Раковите во потрага по емоционален баланс
- (ВИДЕО) Вардариште заминува во историјата: Започна чистењето, ќе се гради парк од 300.000 квадрати
- Ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави исклучувања, проверете дали сте на списокот
- Денеска е Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
- Денеска лидерска средба во Клубот на пратеници: Ахмети, Касами и Апасиев потврдија, Филипче одби

