Апасиев за изборите ќе тужи на Управен суд: „Ве насанкавме“

Со хаштази на постот „ве насанкавме бе к...“ и  „урбанагерила“, лидерот на Левица и иден пратеник, Димитар Апасиев најави тужби до Управен суд на одлуките на Државната изборна комисија која вчера ги одби приговорите на партијата. Според ДИК поголемиот дел од тие од Левица која пак поднесе најмногу приговори, се невалидни односно се без печат. Апасиев најавува филибастеринг ( право на некој неограничено да расправа за некој предлог/закон).

„ФИЛИБАСТЕРИНГ се прави без печат!“ (Прва јакобинска заповед)

p.s. Утре следуваат тужбите до Управен суд. Али, со печат“, напиша Апасиев на фејсбук.

Подоцна тој му пиша и на Борис Кондарко, членот на ДИК кој изјави дека комисијата не е шалтер за изгубено најдено па партиите гласовите ги бараат таму.

Левица поднесе 1.982 приговори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2020 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа