Ангелов во Битола: Потпишување европски проект за рано откривање пожари, превенција и управување со катастрофи за прекугранична соработка со Грција

Денеска во Битола, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, го потпиша договорот од страна на ЦУК за европскиот проект „Рано откривање пожари и опсег за превенција и управување со катастрофи“ на „Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка Република Грција – Република Северна Македонија“, во присуство на многу учесници во проектот од државните институции и невладините организации, а и тим од ЦУК од Секторот за меѓународна соработка со раководителот д-р Урим Вејсели.

Покрај специфичните цели, главен резултат на овој проект е развивање на систем за откривање шумски пожари со користење на напредни дигитални технологии и пристап до далечински сензорски мониторинг со превентивен аларм за навремено регирање кога ќе има шумски пожар во реонот на мониторинг. Предвидено е овој систем за превенција од пожари и навремено реагирање да ја подигне ситуационата свест на институциите и населението за навремена реакција.

04.05.2022 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега