Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска во 14:00 часот ќе одржи прес-конференција во просториите на Дирекцијата.
Главна тема на прес-конференцијата ќе биде уништувањето на две хемиски гранати од 75 mm, кои содржат екстремно отровен боен отров. Станува збор за неексплодирани убојни средства (НУС) со хемиско полнење кои датираат од периодот на Првата светска војна.
Покрај најавата за настанот, од Дирекцијата за заштита и спасување упатија и сериозно предупредување до јавноста во случај на пронаоѓање вакви или слични експлозивни направи.
„Апелираме до граѓаните кога ќе пронајдат гранати, бомби, пушки, муниција и слични оружја од минатите војни, во природата или пак и во урбани населби, да не ги поместуваат туку веднаш да се јават на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, по што, по што Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соодветно и согласно стандардните оперативни процедури СОП за НУС, ќе ја ја отстрани опасноста“, наведуваат од ДЗС.


