Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, презентирајќи ги резултатите од двегодишната работа на ресорот, порача дека реформите во образовниот систем ќе продолжат, но без да се загрозат работните места на наставниот кадар.

Процесот на оптимизација на училишната мрежа и воведувањето на едносменска настава, која веќе се практикува во над 200 училишта, остануваат меѓу клучните приоритети. Јаневска појасни дека нема да има отпуштања на наставници, и покрај фактот што во последните седум години бројот на ученици во земјава е намален за околу 17 илјади.

Министерката најави дека и оваа година сите ученици ќе ги добијат учебниците навреме на почетокот на училишната година.

„Министерката најави дека и оваа година учениците ќе ги добијат учебниците навреме, односно на 1 септември, вклучително и учебниците по странски јазици. Таа посочи и дека значително е зајакната поддршката за учениците со посебни образовни потреби, со ангажирани 1.350 образовни асистенти во основното образование и уште 150 во средните училишта“, се наведува во извештајот од прес-конференцијата.

Во делот на инфраструктурата, во изминатите две години се вложени околу 70 милиони евра во повеќе од 90 проекти, кои опфаќаат изградба и реконструкција на училишта, спортски сали и студентски домови. Напредок е забележан и во дигитализацијата, каде во 160 училишта е поставена нова информатичка опрема, а над 1.000 наставници поминале обуки за користење на вештачка интелигенција.

Јаневска исто така потсети дека платите во образованието се зголемени за повеќе од 20 проценти во првите две години од мандатот, додавајќи дека со договорот со СОНК е предвиден нивен понатамошен раст и во наредните години

Exit mobile version