„Организирана криминална група постоеше во едно друго време, кога вие се сликавте и бевте дел со Чипсио, го пречекувавте во Прилеп, се дружевте итн. Вакви работи нема повеќе, вакви командири, вакви полициски службеници во МВР не постојат. Ова е едно време кога вие, и кога кралот на марихуаната царуваше во државата. Сега е друго време, на спроведување закони, реформи, следење европска агенда, работа во интерес на граѓаните“, истакна Пеце Милевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница.
Милевски се осврна на мерките кои се преземени од страна на МВР и посочи дека во Пелагонија се намалиле тешки кражби, прекршоци против јавен ред и мир, како и зголемена детекција на улично дилерство на дрога.
„Во прилепско, во Пелагонија и во битолско, намалени се тешки кражби, намалени се прекршоци против јавен ред и мир и зголемена детекција на улично дилерство на дрога, според сите информации коишто ги имаме од полицијата“, кажа Милевски.
Милевски се обрати до Талевски и посочи дека СДС постојано се занимаваат и зборуваат за политички конструкции и манипулации, додека ВМРО-ДПМНЕ останува посветено за создавање подобра иднина за граѓаните.
„Овој начин само потврдува дека непринципиелно, со замислени конструкции и клевети се обидува да се манипулира со јавноста, но тоа е стил на СДС. Но затоа ВМРО-ДПМНЕ останува заедно, посветено на она што го има направено, а тоа е цврст договор со граѓаните за подобра иднина“, рече Милевски.


