Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелов: Дирекцијата за заштита и спасување работи на правната документација за ангажирање на уште двајца пилоти

    Ангелов: Дирекцијата за заштита и спасување работи на правната документација за ангажирање на уште двајца пилоти

    04.07.2026 во 15:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    – Дирекцијата за заштита и спасување во моментов  има двајца професионално вработени, релативно помлади пилоти и еден постар пилот. Додека четвртиот постар пилот, којшто беше во понапредна возраст од 66-67 години, со којшто ДЗС имале договор, ова лето не лета од негови лични причини, истакна денеска директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој одговараше на новинарско прашање колку пилоти се вработени и дали ќе се набавуваат нови ер трактори. 

    -Во овој момент ние сме договорени со уште двајца други пилоти, едниот од педесетина години, другиот неколку години повеќе, којшто е исклучително искусен. Во овој момент работам на формално-правната документација за нивно ангажирање, со што очекувам наредната сезона да имаме најмалку пет пилоти, но искрено мислам дека ќе успееме да создадеме уште три нови пилоти-изјави Ангелов.

    Тој истакна дека во овој момент нашата држава за прв пат и тоа по седум години има на располагање три исправни ер трактори.

    – Мојата размисла е да се набават уште три ер трактори, од коишто најмалку еден двосед. Но, не би смеел ради дискреција да зборувам за тоа кога би се набавиле-изјави Ангелов.

    ​ ​Прашан дали членовите на Доброволните Противпожарни единици добиваат паричен надомест и која е нивната мотивација за излегување на терен, Ангелов истакна дека не е точно дека доброволните пожарникари работат без никаква мотивација.

    – Еден доброволен пожарникар дневно зема од 100 до 120 евра, во зависност од неговиот статус и висината на неговата плата. Секој еден доброволец којшто вчера излегол на терен, ќе ја добие оваа сума преку Дирекцијата за заштита и спасување, бидејќи се дел од нашите тимови и сметаме дека тоа е еден праведен надомест за она што тие го направиле тој ден. Дел од нив се вработени, дел од нив имаат сопствен бизнис. Тој ден тие отсуствуваат од работното место и ние како Влада вршиме надомест на, ретко да кажеме условно, таа штета којашто ја трпат што не се појавуваат на работното место. Но, ако во еден ден ангажираме околу стотина доброволни пожарникари, сумата би била околу 10.000 евра. Ако ги користиме 30 дена, сумата би била 300.000 евра, така што воопшто не е бесплатно, но споредено со хеликоптерите коишто трошат околу 7.000 евра за еден час, навистина не е некоја висока сума-вели Ангелов.

    Тој додаде дека за ангажирање во гаснењето на пожарите неговиот фокус пред сè бил на пензионирани припадници на Армијата, Полицијата, Противпожарните единици и како што рече „сум задоволен од бројот на лица коишто се пријавија“. 

    -Во овој момент можам да кажам дека имаме пријавени доволен број на возачи на специјалните теренски возила, коишто се покажаа извонредни, затоа што онаму каде што ќе отиде пинцгауер на Дирекцијата за заштита и спасување, тешко дека може да помине друго возило, можеби и некое најново теренско возило коешто чини 150.000 евра. Ние, како Влада од ништо направивме нешто. Од возила фрлени, фрлени по паркиралиштата коишто беа готови за отпад, ние успеавме да направиме противпожарни возила, истите се уредно сервисирани, на сите им се променети гумите онаму каде што е потребно и се подготвени за дејство. На располагање имаме 22 пинцгауери, од коишто еден го користиме како медицинско возило, останатите се противпожарни, 15 БТР-80, како и пет хеликоптери коишто влечат цистерни од 2 до 6 тона-вели Ангелов.

    Тој смета дека на овој начин капацитетите на Владата и минатата, а особено оваа година се значително посилни во однос на претходните години.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.