Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски во Париз: Балканот да се третира како прашање на стратешка предвидливост, сајбер заканите се заеднички

    Андоновски во Париз: Балканот да се третира како прашање на стратешка предвидливост, сајбер заканите се заеднички

    01.06.2026 во 17:113 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на тркалезна маса во Францускиот сенат, во рамки на Парис Сајбер Самит 2026, посветена на градењето сајбер капацитети во земјите од Западен Балкан во услови на постојани и комплексни закани.

    Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските партнери и претставници на Western Balkans Cyber Capacity Centre – WB3C, со цел продлабочување на дијалогот за сајбер отпорноста, регионалната соработка, интероперабилноста и усогласувањето со европските и евроатлантските безбедносни стандарди.

    Во своето обраќање, министерот Андоновски нагласи дека сајбер безбедноста денес не е само техничко прашање, туку прашање на национална отпорност, демократска стабилност, заштита на критичната инфраструктура и доверба во дигиталната држава.

    „Република Македонија ја гледа сајбер отпорноста како составен дел од европската безбедност и демократската отпорност. Како НАТО сојузник и земја со јасна евроатлантска ориентација, пристапуваме кон сајбер безбедноста преку три паралелни перспективи: безбедносна усогласеност со НАТО, усогласување со европското acquis и целите на Дигиталната декада, како и потреба стратешката усогласеност да се претвори во реален оперативен капацитет“, истакна Андоновски.

    Министерот посочи дека Македонија во изминатиот период постигна значителен напредок во законодавното и институционалното усогласување, преку донесување на нов Закон за безбедност на мрежи и информациски системи усогласен со принципите на NIS2, усвојување на Национална стратегија за сајбер безбедност, зајакнување на институционалната координација и интензивирање на работата на интероперабилноста, безбедните дигитални услуги и дигиталната јавна инфраструктура.

    Андоновски истакна дека Македонија инвестира значајни средства во изградба на Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT, заштитни системи, безбедна инфраструктура и меѓусебно поврзување, со средства од националниот буџет и со поддршка од стратешките партнери, вклучително и Соединетите Американски Држави.

    Министерот се осврна и на зголемената комплексност на заканите, посочувајќи дека сајбер инцидентите сè почесто се поврзани со хибриден притисок, дезинформации, економска принуда и напади врз довербата во институциите. Тој нагласи дека критичната инфраструктура денес не се однесува само на енергетиката и телекомуникациите, туку и на јавната администрација, здравствените системи, образовните платформи и дигиталните јавни услуги.

    „Заканата не е само нарушување на системите, туку нарушување на довербата — довербата во институциите, дигиталните услуги и демократските процеси“, порача министерот.

    Во дискусијата беше нагласена и потребата од посилен пристап на Европската Унија кон финансирање на сајбер инфраструктурата во регионот, особено во рамки на инструментите за поддршка на Западен Балкан. Министерот посочи дека сајбер безбедноста треба да биде јасно препознаена како приоритетна област за инвестиции, бидејќи отпорноста на регионот е директно поврзана со отпорноста на поширокиот европски дигитален простор.

    Посебен акцент беше ставен на регионалната соработка. Андоновски порача дека сајбер заканите не запираат на границите и дека помалите администрации не можат да градат отпорност изолирано.

    „За Западен Балкан, регионалната оперативна соработка не е луксуз, туку мултипликатор на сила. Потребни ни се постојани доверливи контакт точки, редовни заеднички сајбер вежби, структурирана размена на информации и посилна интеграција со механизмите на ЕУ и НАТО“, истакна министерот.

    Тој додаде дека Франција, Европската Унија, НАТО сојузниците и трансатлантските партнери имаат клучна улога во градењето регионални механизми за доверба, споделување информации, обуки и заеднички вежби.

    „Западен Балкан веќе денес е дел од безбедносната архитектура на Европа. Регионот не може да се третира само како прашање на идна интеграција, туку како прашање на стратешка предвидливост“, порача Андоновски.

    Тркалезната маса во Францускиот сенат претставуваше можност за размена на искуства меѓу земјите од Западен Балкан и европските партнери, со фокус на практичното јакнење на сајбер капацитетите, заштитата од хибридни закани и унапредувањето на регионалната и европската соработка во областа на дигиталната отпорност.

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.