Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација

    29.10.2026 во 18:44

    Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога

    29.10.2026 во 18:41

    Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство

    29.10.2026 во 18:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство
    • Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема
    • УХМР со најнова прогноза – доаѓа пресврт
    • Муцунски се сретна со Ивановиќ: Во фокусот евроинтеграциите, сојузништвото во НАТО и новата авиолинија
    • Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм
    • Ученик допирал соученичка за време на голем одмор во училиште во Центар – мајка пријавила во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Македонија започнува со изградба на Национален дата центар – најважната дигитална инфраструктура за следните децении

    Андоновски: Македонија започнува со изградба на Национален дата центар – најважната дигитална инфраструктура за следните децении

    16.07.2026 во 20:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp


    Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот што ќе биде основа за владиниот облак, сајбер безбедноста и развојот на вештачката интелигенција.

    Во вечерашното интервју на Македонската телевизија, во емисијата „На прва“, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека Владата започнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија – изградба на Национален дата центар.

    „Донесовме одлука заради визијата и решеноста на Премиерот и во моментов работиме на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија – изградба на Национален дата центар“, истакна Андоновски.


    Министерот појасни дека дата центарот не претставува само објект во кој се сместени сервери, туку клучна државна инфраструктура врз која ќе се темели дигиталниот развој на земјата.

    „Ако патиштата ги поврзуваат градовите, дата центарот ги поврзува институциите. Наместо секоја институција да има свои серверски простории со различно ниво на безбедност, државата ќе има едно современо, високо заштитено и енергетски ефикасно место од каде ќе се обезбедуваат дигиталните услуги во наредните 20 до 30 години“, нагласи тој.

    Андоновски информираше дека веќе е изработена физибилити студија која потврдува дека проектот е технички и финансиски изводлив. Според визијата на Министерството, Македонија треба да добие современ Tier III Национален дата центар, кој ќе биде основа за воспоставување на владин облак, заштита на државните податоци, развој на системи базирани на вештачка интелигенција и испорака на нова генерација дигитални јавни услуги.

    Во оваа фаза, Министерството паралелно работи на обезбедување на соодветна локација, дефинирање на финансискиот модел и воспоставување на партнерствата потребни за реализација на проектот.

    Министерот порача дека како што патиштата, железницата и електроенергетската мрежа се темелот на економскиот развој во минатиот век, така дата центрите претставуваат стратешката инфраструктура на 21 век.


    „Без дата центри нема дигитална држава, нема вештачка интелигенција, нема сајбер безбедност и нема сигурни електронски услуги. Со овој проект ја поставуваме основата врз која ќе се гради дигиталната Македонија во следните децении“, истакна Андоновски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација

    29.10.2026 во 18:44

    Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога

    29.10.2026 во 18:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.