Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Од 310 примени во полициската акдемија 11 се Албанци

    01.09.2026 во 13:53

    Нови протоколи во училиштата: Ќе се кратат часови ако е многу жешко

    02.09.2026 во 13:18

    Детето во Чаир било прободено директно во срцето: Приведени пет лица, Тошковски вели – „еден од најтешките предизвици“

    02.09.2026 во 08:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Наскоро во Македонија: Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон
    • Потоп во Македонија: Во овој град наврнаа дури 88 л/м²
    • ЦУК: Избувнаа 27 пожари, два се сè уште активни
    • УХМР предупредува: Попладне поројни дождови, грмежи и можна појава на град
    • МВР потврди: Финансиски криминал со регистрација на возила, меѓу осомничените и вработен во ЈПДП
    • Неофицијално: Ноќна акција на полицијата, уапсени лица за финансиски криминал
    • Велешанка уапсена во Тетово: Полицијата и пронајде бела прашкаста материја при преглед
    • „Долго време психички ме малтретираше, па ме претепа“: Штипјанка го пријавила сопругот во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Наскоро во Македонија: Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон

    Наскоро во Македонија: Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон

    03.09.2026 во 09:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вчерашното гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија официјално најави дека во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликација м.Услуги.

    „Можам официјално да најавам дека во октомври ќе организираме настан на кој ќе ја промовираме мобилната апликација м.Услуги. Во неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните“, истакна Андоновски.

    Преку м.Услуги, граѓаните на едно место ќе можат да пристапуваат до личните документи во дигитална форма како и до електронските услуги на администрацијата. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно преку мобилен телефон.

    Министерот посочи дека во изминатиот период интензивно се работело на прашањата поврзани со сајбер-безбедноста, заштитата и начинот на чување на личните податоци, како и нивната размена со Министерството за внатрешни работи, кое е сопственик на податоците.

    „Во завршна фаза сме на усогласување и потпишување на протоколот за размена на податоците, како и на тестирањето на апликацијата. Сакаме, пред таа да биде достапна за сите, да бидеме сигурни дека системот е стабилен, безбеден и едноставен за користење. Апликацијата ќе биде достапна на App Store и Google Play, а нејзината тест-верзија досега ја презедоа околу 6.000 граѓани“, рече Андоновски.

    Следниот чекор во дигиталната трансформација е мобилниот телефон постепено да стане дигитален паричник преку кој граѓаните безбедно и едноставно ќе пристапуваат до своите документи и до услугите на државата.

    Прочитај повеќе

    Потоп во Македонија: Во овој град наврнаа дури 88 л/м²

    03.09.2026 во 09:13

    ЦУК: Избувнаа 27 пожари, два се сè уште активни

    03.09.2026 во 09:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.