Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновска: Ние баравме ревизија – бил купен мрежен кабел за 15.000 евра

    Андоновска: Ние баравме ревизија – бил купен мрежен кабел за 15.000 евра

    02.06.2026 во 20:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мрежен кабел за интернет долг 15 километри – купен 15.000 евра, а никаде го нема, набавени компјутери, лаптопи, ајфони за кои постои само барање без реверс каде завршиле, склучен договор од 1.600.000 денари за мобилни телекомуникациски услуги или двојно повеќе од предвидените 800.000 денари, како и договор од 1,1 милион денари за фиксна телефонија, иако биле предвидени 550.000 денари, се само некои од недоследностите во работењето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) што ги утврдило актуелното раководство.

    Како што изјави денеска за МИА директорката на Институтот, Марија Андоновска, во институцијата не била направена ревизија од 2017 година.

    Директорката за утре најави прес-конференција на која, напомена, ќе соопшти повеќе детали околу неправилностите во работењето на ИЈЗ.

    – Утврдивме и дека за прослава на 100-годишнината на ИЈЗ за еден час биле потрошени 50.000 евра. Па за што за еден час може да се потрошат 50.000 евра? Понатаму, ако законот дозволува за 1.000 евра или за 62.000 денари да набавиш некакви, одредени средства што ти се потребни без распишување јавна набавка, тие над милион и нешто имаат потрошено надвор од дозволеното. Замислете, 1.000 евра дозволени, а потрошиле над 20.000 евра. По 500.000 денари се давало за репрезентација, споредено со сега кога имаме нула репрезентација, некористење службено возило, немање службени патувања. Јас не користам мобилен телефон службен, не користам службен број. Постои евиденција – доколку се добие одреден апарат, на кого се издава апаратот, се задолжува. Постојат реверси и слично. Исплаќани се и одредени додатоци на плата незаконски, билдани, награди, активни, пасивни приправности – се спротивно на закон. Месечно по 5 милиони денари се штедат сега на тоа кога се изрегулирани коефициентите, кога не се исплаќа незаконски во однос со исплатите. Во однос на мрежниот кабел од 15.000 евра, ниту знаеме каде е, ни што е, ни зошто е, истакна Андоновска.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.