Андоновска: Луѓето мака мачат, се создава голем неред, автобусите доцнат или ги нема

Градоначалничката на Скопје скоро и да нема ден и изјава каде не вели дека градот е во добра кондиција, ликвиден и состојба. Кога доаѓате на таква позиција треба да знаете што наследувате, што е ваша одговорност, освен што нудите програма. Таа имаше година и половина да ги сервисира долговите, знаеше дека има долгови, ги кажуваше и во самата кампања, изјави Марија Андоновска, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје за „Вин вин“ на Телма.

Таа посочи дека никој не знае дали градоначалничката ги сервисираше долговите.

Кога сме кај превозниците,  Андоновска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не штити приватни превозници туку штити јавен интерес, градскиот превоз е јавен интерес кој во моментов го нема.

- Граѓаните во Скопје немаат квалитетен јавен градски превоз и тоа е проблем. Ние се обидовме тука да помогнеме и помогнавме колку што ни се ингеренциите во моментот. За долговите кон превозниците, градоначалничката прво велеше нема долгови, па има долгови, па немал градот, туку ЈСП, слушнавме се и сешто, рече Андоновска.

Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање да помогне да се  среди проблемот со јавниот градски превоз.

 

- За тоа да се направи треба да бидат и потранспарентни и поискрени. Луѓето мака мачат, се создава голем неред, автобусите доцнат или ги нема, изјави Андоновска.

18.05.2023 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега