Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДЗС со тимови на терен: Потрага по исчезнато лице кај Вардар во гостиварско
    • Германија ги заострува критериумите за добивање дозвола за постојан престој и германско државјанство за доселениците
    • Трамп и Нетанјаху подготвуваат нова воена операција
    • Граѓаните ќе одлучуваат кои еколошки проблеми се приоритет за Центар
    • Акција на „Таск форс“ кај Ќафасан: Го фатиле со вреќа полна дрога
    • Полицаец пукаше кон автомобил и уби едногодишно дете: Обвинителството во Мисисипи тврди дека е оправдано
    • Муцунски со средба со францускиот министер Хадад – Во фокусот европскиот пат на Македонија
    • Ненадеен пресврт на времето: Температурите паднаа за 10 степени во соседството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновска: Каде завршија 800.000 евра од отпишаната пченица на Димковски и Николовски?

    Андоновска: Каде завршија 800.000 евра од отпишаната пченица на Димковски и Николовски?

    27.11.2025 во 12:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp


    Трајан Димковски, поранешен министер и заменик министер за земјоделие од редовите на СДС, како и шеф на кабинет на Љупчо Николовски, во периодот од 2019-2021 година заедно со други 4 службени лица, направил отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност близу 800.000 евра, изјави за медиумите Викторија Андоновска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

    Пченицата е отпишана, иако постоела и била употреблива, рече Андоновска.

    „Димковски поднел записник до Владата дека има кусок на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви за период од 2007 до 2021 година, а Филипче, Заев и Николовски без никакви проверки го донеле заклучокот на владина седница.

    Дека станува збор за криминал говори фактот дека за ова немало законска основа бидејќи до 2019 година за извршените контроли, немало ни еден извештај дека има кусок на јачмен и пченица. Во превод, кусокот бил од 2019 до 2021 година“, посочи Андоновска.

    Андоновска посочи дека јавноста заслужува да знае каде завршиле овие 2.000 тони јачмен и пченица? Дали е точно дека имаат завршено на црниот пазар во една соседна држава? Дали и Љупчо Николовски, покрај Димковски и останатите, се има нафатирано од овој криминал? Дали Николовски изминатиот период е толку гласен во јавноста затоа што е вмешан во овој случај па е исплашен од одговорност?

    „Граѓаните заслужуваат правда и одговорност, а СДС треба да престане да ги брани криминалците од своите редови. Тоа време заврши“, нагласи Андоновска.

    Прочитај повеќе

    Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

    21.10.2026 во 19:30

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.