Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ана Чупеска: Оваа власт ги користи институциите за да ги заштити своите луѓе, а не за правда и демократија

    Ана Чупеска: Оваа власт ги користи институциите за да ги заштити своите луѓе, а не за правда и демократија

    20.09.2025 во 13:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, во интервју за Рацин.мк изјави дека денес сведочиме на суровата реалност на системски и систематски организирани деструктивни однесувања на актуелната власт, длабоко вкоренети во нејзината конзервативна и авторитарна идеологија.

    -Искуствата со авторитарноста на ВМРО-ДПМНЕ се поврзани со суштинско растурање и уништување на институциите. И денес гледаме дека власта ги негува старите навики на деструктивни поведенија. Проблемот со незаконското институирање на директорот на АНБ и последователните злоупотреби за фабрикација на афери, како и свесното оставање на граѓаните без заштита во случаите со Кочани, Дрисла, Вардариште, Трубарево, уништувањето на природата и убиствата на жени, се само дел од трагичните потврди“, нагласи Чупеска.

    Таа додаде дека власта наместо да води политики на развој и напредок, води некрополитики. Со уништувањето на правната држава, институциите се претворени во инструмент за деструкција на општеството, неговата социјална структура и довербата на граѓаните. Во таков систем, незаштитените групи, особено жените, стануваат жртви на срамна трагедија, како што покажа случајот со Росица.

    -Оваа власт ги користи институциите исклучиво за заштита на своите луѓе, а не за правда и демократија. Дури и демократскиот Устав не го третираат како темел на државата, туку делуваат спротивно на него. Наместо да изградат систем на вредности, тие создаваат послушна партиска војска за свои тесни интереси“, потенцираше Чупеска.
    Таа оцени дека власта намерно предизвикува апатија  кај младите, што е дополнителна штета за општеството и за иднината на државата.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.