Американска полицајка осудена за убиство на Афроамериканец
Поротата ја прогласи за виновна за убиство поранешната полицајка од Минесота, Ким Потер, кој застрела и го уби 20-годишниот Данте Рајт во април 2021 година.
Потер, бела жена, тврди дека направила „трагична грешка“ кога, наместо пиштол за шок, зела пиштол и го застрелала Афроамериканецот Рајт, кога бил запрен додека возел низ предградијата на Бруклин центарот во Минеаполис.
Поротата ја прогласи за виновна за двете обвиненија, убиство од прв и втор степен. Укината е можноста за кауција и со лисици на рацете е изнесена од судницата, а казната е најавена за 8 март.
Според „Гардијан“, пред судницата во Минеаполис одекнувале извици „правда“, додека демонстрантите кои со денови го чекале исходот од судењето по студот, ја прославувале одлуката на поротата. Родителите на Данте, Кејти и Обри Рајт, кои се држеа за рака и го задржуваа здивот додека ја чекаа пресудата, излегоа од судницата во друштво на јавниот обвинител Кит Елисон, кој го водеше случајот.
Обри Рајт почна да зборува сакајќи да им се заблагодари на обвинителите, но многу брзо шокиран остана без зборови. Кејти Рајт рече дека „испуштила еден вид крик“ кога била објавена пресудата. На прашањето на новинарите како се чувствува, таа додаде: „Во моментот кога ја слушнав пресудата, секоја емоција што можете да ја замислите почна да ми поминува низ телото“.
Елисон истакна дека на семејната маса на Данте за време на празниците ќе има „едно празно столче“ по загубата на нивниот 20-годишен син, кој и самиот имал мало дете, по име Данте Јуниор. Таа рече дека овој млад човек го има целиот свој живот пред себе, дека е горд што станал татко и дека ги сака својата мајка, татко и браќата и сестрите и „целото негово прекрасно семејство“. Тужителот ја опиша пресудата како „степен на одговорност“, а не како правда, бидејќи нема да помогне да се врати изгубениот живот.
Данте Рајт беше убиен додека, во истата судница во Минеаполис, каде што сега е осудена Потер, се одвиваше судењето на поранешниот полицаец Дерек Шовин, кој е обвинет, а подоцна и осуден за убиството на Џорџ Флојд во мај 2020 година, што предизвика најголем антирасистички протести во САД од движењето за граѓански права.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа