Странски државјанин се здоби со тешки телесни повреди откако изгубил контрола и паднал при слетување со параглајдер во атарот на битолското село Породин.

Конфликтот и несреќата се случиле во непосредна близина на индустриската зона Жабени, каде 59-годишниот маж од САД имал неуспешен маневар со леталото, по што силно удрил во земјата.

Како последица на падот, повредениот маж со возило на Итна медицинска помош бил итно транспортиран во Клиничката болница во Битола, каде лекарите му констатирале сериозни скршеници и повреди.

„На 05.07.2026 во 15:52 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б.(59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди. Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола“.

Exit mobile version