Алтернатива: Подготвени сме да разговараме со секого ако темите се важните прашања кои ги загрижуваат Албанците во СМ

 

АлтернАтивА ја прифати поканата на Албанскиот Премиер Еди Рама без намера да влегува во дневно политичките агенди на другите поканети. Оваа порака ја испраќаат од Алтернатива во соопштение испратено до медиумите.

„Сакаме да потенцираме дека како партија на иднината сме подготвени да разговараме со секого ако темите се важните прашања кои ги загрижуваат Албанците во Северна Македонија. Имаме сопствена агенда и за истата очекуваме поддршка од сите присутни. Еден од приоритетите е нашиот Уставен амандман за спречување на застарување на кривичните дела поврзани со политичката корупција“, се вели во соопштението.

„Најважно од се’ е дека нема нашиот политички капитал да го жртвуваме за амортизирање на ничија партиска криза. Граѓаните треба да бидат спокојни и да бидат сигурни дека Претседателот на АлтернАтивА, Африм Гаши, ќе продолжи да биде нивниот глас“, се додава во партиското соопштение.

10.01.2023 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега