Алтернатива добива тројца министри: Заев ги соопшти кадровските решенија

 

Алтернатива и официјално влегува во Владата. Ќе добие три министерски места. Венко Филипче ќе си оди од Министерството за здравство, а со тоа министерство ќе раководи Алтернатива. Дополнително, оваа партија ќе го преземе и Министерството за информатичко општество и администрација, а ќе добие и еден министер без ресор задолжен за дијаспора.

Освен министри, Алтернатива добива и тројца заменици министри и тоа во Министерството за образование и наука, за култура, а третиот дополнително ќе се прецизира, меѓутоа премиерот Заев рече дека најверојатно тоа ќе биде Министерството за земјоделство.

Новата партија во парламетнарното мнозинство ќе добие и директорски места. Договорено е Алтернатива да раководи со МЕПСО, ПИОМ, Железници – Транспорт, Клинички центар Тетово, Агенција за странски инвестиции.

05.12.2021 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега