Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Вложуваме во енергетски ефикасен систем, владата има јасна визија каде треба да движи државата
    • Мицкоски: Поддржуваме инвестиции што значат повеќе енергија и почиста животна средина
    • Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алкалоид го задржа ростерот на играчи, а со тоа и високите амбиции за Европскиот клупски куп во шах

    Алкалоид го задржа ростерот на играчи, а со тоа и високите амбиции за Европскиот клупски куп во шах

    15.10.2025 во 11:345 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Еден од најважните шаховски настани во текот на годината е Европскиот клупски куп, турнир кој традиционално се одржува кон крајот на сезоната, но кој претставува епицентар на шаховските збиднувања поради интересот кој го побудува и квалитетот што го нуди. Популарно наречен шаховска верзија на Лигата на шампионите, ЕКК секоја година го собира кремот, но не само од Европа.

    Шаховскиот клуб Алкалоид неколку децении го гради својот имиџ доминирајќи на домашно тло, а веќе има и повеќедецениска традиција на учество на ЕКК, при што во три наврати беше освојувач на медали: во 2016 година беше шампион на Европа, а во 2017 и во 2024 година вицешампион. Евидентно и јасно видливо е управувањето и водењето на клубот од најдобрата македонска компанија „Алкалоид“ АД со пресликување на корпоративните искуства и знаења во клубот.

    Оваа година на грчкиот остров Родос ќе се игра јубилејното 40-то издание на главниот/отворен ЕКК (може да учествуваат машки, мешани и женски тимови), на кое е пријавен и Алкалоид, а паралелно ќе се игра и 29-тото издание на женскиот ЕКК (учествуваат само женски тимови). Според објавените состави, оваа година конкуренцијата за највисок пласман на ЕКК е најсилна во последните 10-ина години. Пет тимови се издвојуваат според просечниот рејтинг на играчите од својот тим, притоа со повеќе од 2700 се BayeganPendik (Турција) и Алкалоид, а веднаш до нив со просечен рејтинг над 2600 се SuperChess (Романија), Novy Bor (Чешка) и Tuxera (Унгарија). Фактор повеќе е што оваа година има рекорден број на учесници од 101 тим (односно од 20 тимови кај дамите).

    Во тимот на ШК Алкалоид има само две измени, односно:

    • во составот ќе настапат индиските велемајстори Arjun Erigaisi (2797), Chithambaram Aravindh (2711) и Abhimanyu Puranik (2615); кинеските велемајстори Yi Wei (2754) и Yangyi Yu (2720); српските велемајстори Aleksandar Inđić (2618) и Velimir Ivić (2628), како и македонскиот интернационален мајстор Тони Лазов (2382);
    • Erigaisi i Wei се во топ 10 од светската елита, Yu и Aravindh во топ 30, додека, пак, Inđić, Ivić и Puranik во септември беа во топ 100;
    • Yu има фантастичен настап за Алкалоид на ЕКК со освоени пет медали (три злата и две бронзи) за резултатот на својата табла, додека, пак, на своите први настапи минатата година за Алкалоид Erigaisi на првата табла освои злато, а, пак, Aravindh на четвртата табла бронза;
    • српските велемајстори како репрезентативци на Србија ја освоија европската шампионска титула во 2023 г., а Inđić следната година стана европски шампион во поединечна конкуренција. За Алкалоид настапуваа и на екипните државни првенства во 2021 (Inđić), односно во 2023 (Ivić) година. Првпат за алкалоидовата екипа на ова најсилно европско клупско натпреварување ќе настапат Puranik и Лазов, објаснува капитенот на тимот, велемајсторот Влатко Богдановски.


    Вака компонираниот тим на ШК Алкалоид првично имаше највисок рејтинг (2701) според септемвриската листа на ФИДЕ, но во октомври ситуацијата се промени, па сега турскиот клуб Бајеганпендик е во минимална предност со нешто повисок рејтинг (2711). Минатогодишните ривали кои беа први носители – SuperChess и актуелниoт шампион Novy Bor – заедно со другите добропознати и мошне силни клубови од Унгарија, Израел, Азербејџан и од Турција, ја заокружуваат листата на клубови со високи амбиции, но и со подеднакво талентирани шахисти во своите состави. Така, актуелниот светски првак Dommaraju Gukesh (2752) ќе биде дел од тимот на SuperChess, Anish Giri (2.759) ќе го предводи BayeganPendik, а, пак, Vincent Kreymer (2755), кој, исто така, е дел од топ 10 според рејтингот, ќе игра за Novy Bor.

    – Архитектурата на нашиот состав е обмислена и соодветно селектирана, па ја имаме онаа хомогеност што ја посакуваме. Алкалоид не е клуб кој наддава на отворениот пазар, туку доаѓа до најдобрите благодарение на својот сериозен пристап и на посветеноста, кои се манифестираат со длабока аналитичност при изборот и водењето на тимот на ЕКК. Очекувам Puranik да се вклопи во тимот и да го даде својот максимум, со што би го постигнале посакуваното ниво. Како и секогаш, просечниот рејтинг не одлучува и од пракса знаеме дека конкурентите се во ситуација рамноправно да се борат за врвот. Ние секогаш одиме на медал и ретко се случува како минатата година да има две непоразени екипи на крајот од турнирот, но факт е дека и оваа година ќе одлучуваат многу фактори, како на пример моменталната инспирација, свежината… За Лазов е мошне важно неговото шаховско созревање, но и тоа да ја почувствува атмосферата на ова најсилно европско натпреварување. Очекуваме во иднина да ја освои и велемајсторската титула по минатогодишната титула државен првак и по освоениот медал на Олимпијадата на својата табла.

    Во секој случај, се надеваме и посакуваме да ја оправдаме поддршката што ја добиваме и да ја продолжиме успешната низа со нов медал, додава ВМ Богдановски.

    Ако погледнеме наназад и ако направиме анализа и споредба на успешноста во европски рамки, Алкалоид се вбројува меѓу 10-те најуспешни европски клубови во историјата на овие натпревари. Кога станува збор, пак, за најсилното државно екипно првенство, екипата е со фантастичен резултат од 13 последователни шампионски титули во последните 13 години, односно вкупно 27 шампионски титули од 33 првенства (од 1992 до 2025 година). Со одличните резултати во државни и во европски рамки, шаховскиот клуб се вбројува во неколкуте најуспешни спортски клубови во македонската историја.


    Мечевите од првото коло на 40. издание од Европскиот клупски куп започнуваат на 19 октомври во 15 часот по локално грчко време. Темпото на игра предвидува 90 минути за првите 40 потези, со додавање уште 30 минути.

    Прочитај повеќе

    Пола литар вода 400, едно пиво 900 денари – што се пие на US Open?

    07.09.2026 во 13:56

    Маврово денеска е светска престолнина на крапскиот риболов: Пристигнаа 33 репрезентации

    01.09.2026 во 09:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.