Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи

    Алиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи

    05.06.2026 во 09:002 Mins Read
    МЗ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Азир Алиу учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација за Европа, кој се одржува во Рига, Летонија.

    Дводневниот состанок е посветен на предизвиците со кои се соочуваат малите земји во Европа, вклучително ограничените ресурси, миграцијата на здравствениот кадар, стареењето на населението и зголемените потреби на пациентите, со цел развој на одржливи и иновативни решенија за здравствените системи.

    Министерот Алиу во своето обраќање истакна дека малите земји можат да бидат пример за брза адаптација, добра координација и силна политичка волја за реформи, нагласувајќи дека целта е создавање поефикасен систем насочен кон пациентите и намалување на административните оптоварувања за здравствените работници.

    Тој учествуваше и во сесија посветена на оптимизација на здравствената работна сила, каде ја претстави Националната стратегија за дигитално здравство 2026–2030, посочувајќи дека дигитализацијата треба да придонесе за подобра организација на здравствениот систем и поефикасна грижа за пациентите.

    Во рамки на дискусиите за дигитализација и вештачка интелигенција, министерот нагласи дека новите технологии можат значително да го унапредат здравството, но не смеат да ја заменат човечката одговорност во медицинската пракса.

    Учеството на состанокот во Рига, како што наведуваат од Министерството за здравство, е дел од заложбите за активна европска соработка и примена на современи решенија за унапредување на здравствениот систем.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата

    06.10.2026 во 15:31

    Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи

    06.10.2026 во 14:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.