Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ќе потпишат Меморандум за соработка
    • Метју Меконахи откри како филм со Џенифер Лопез му „помогнал“ да се спаси од полицијата на аеродромот во Мексико
    • Трагедија: Повеќе од 100 загинати при уривање на рудник за злато
    • Цената на нафтата скокна на највисоко ниво во последните три недели
    • Николоски со порака од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ сега е најсилно од своето постоење
    • Македонците го одбележаа Преображение во црквата во село Ербеле, Албанија
    • Мицкоски: Нема дилема дека разговараме со цел да се најде решение за ЕУ процесот
    • Се обидел да ограби обложувалница, но алармот го исплашил – од полицијата не успеа да избега
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Ретките болести не се ретки за тие што живеат со нив – годинава обезбедени 58 лека за 430 пациенти

    Алиу: Ретките болести не се ретки за тие што живеат со нив – годинава обезбедени 58 лека за 430 пациенти

    11.11.2025 во 13:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ одржаа прес-конференција по повод симпозиумот во рамки на кампањата „Ти си редок херој” со заедничка цел да го унапредиме знаењето и практиката во раното препознавање и дијагностицирање на ретките болести.

    -Ретките болести не се ретки за тие што живеат со нив! Оваа тема е од особена важност, бидејќи матичните лекари, како прва точка на контакт со пациентот, имаат клучна улога за рано откривање и насочување на лицата со сомнеж за ретка болест. Во рамки на Програмата за ретки болести за 2025 година се обезбедени вкупно 58 лека за околу 430 пациенти, меѓу кои и три нови терапии за јувенилен ревматоиден артритис, Фридрајх атаксија и Дравет синдром. Во Регистарот на ретки болести денес се евидентирани повеќе од илјада пациенти, а Министерството останува целосно посветено на унапредување на системот за нивна дијагностика, третман и рехабилитација, истакна на прес-конференцијата министерот Алиу.

    Во следниот период Министерството ќе работи на неколку приоритети, меѓу кои, проценка и анализа на достапната опрема за дијагностика на ретките болести во јавните и приватните здравствени установи, ажурирање на листата на лаборатории каде се изведуваат биохемиски и генетски тестови, со посебен фокус на континуирана едукација на докторите, особено на лекарите по семејна медицина и специјалистите, за навремено препознавање, дијагностика и превенција на ретките болести, како и воспоставување јасна патека за движење на пациентите на примарно, секундарно и терциерно ниво, согласно медицина базирана на докази и европските протоколи.

    – До Владата веќе е доставена националната стратегија за ретки болести, која очекуваме да биде усвоена до крајот на годината. Таа стратегија ќе биде основен документ за подобрување на квалитетот на животот на лицата со ретки болести и тоа не само преку терапија, туку и преку психосоцијална поддршка, рехабилитација и инклузија. Наша заедничка заложба како систем, како професионалци и како општество е да обезбедиме навремена дијагностика, современ третман и достоинствен живот за секој пациент, истакна Алиу.

    Прочитај повеќе

    Николоски со порака од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ сега е најсилно од своето постоење

    19.08.2026 во 22:37

    Македонците го одбележаа Преображение во црквата во село Ербеле, Албанија

    19.08.2026 во 22:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.