Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото

    17.08.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Тепачка во Батинци: Пет лица нападнале 41-годишен маж и неговиот малолетен син
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу најави: Се воспоставува Регистар за човечки ресурси, здравството нема да се реформира „на слепо“

    Алиу најави: Се воспоставува Регистар за човечки ресурси, здравството нема да се реформира „на слепо“

    21.11.2025 во 11:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за здравство (МЗ) започна со темелна анализа на човечките ресурси во јавните и приватните здравствени установи низ државата. Ресорниот министер Азир Алиу денеска соопшти дека ова е почеток на воспоставување Регистар на работници во областа на здравството.

    Овој регистар ќе овозможи следење на движењето на кадарот во системот – од пензионирања, нови вработувања и специјализации, до префрлување од една во друга установа.

    „Тоа значи дека кога ќе се зборува за нови вработувања тоа ќе биде одговор на конкретни потреби да здравствениот систем… ќе знаеме точно колку лекари и сестри треба да има таму, кога ќе кажеме дека нема да дозволиме да има градови со двојно помалку лекари по жител, ќе знаеме како да го исправиме тоа“, истакна Алиу.

    Според претставената анализа, во државата функционираат 3.779 здравствени установи, од кои 2.942 се во мрежата на здравствени установи. Притоа, од вкупниот број, 2.830 се приватни (ПЗУ), а само 112 се јавни установи (ЈЗУ).

    Вкупниот број на вработени во јавниот и приватниот сектор изнесува 32.383 лица.

    • Во ЈЗУ: 18.536 вработени, од кои 4.746 се лекари и медицински соработници на секундарно и терциерно ниво, а 7.003 се медицински сестри.
    • Во ПЗУ: 13.847 вработени, од кои 9.040 се лекари и членови на тимот во примарно здравство.

    Министерот посочи дека податоците се класифицирани по специјалност, профил и тип на установа, со цел да се креираат политики базирани на точни и навремено ажурирани податоци.

    „Здравството не може да се реформира „на слепо“… ако не знаете точно колку луѓе работат во системот, каде работат, со каква стручност“, заклучи Алиу, појаснувајќи дека анализата е резултат на вкрстување на податоци од Централен регистар, коморите (Лекарска, Стоматолошка, Фармацевтска), Агенцијата за вработување и други институции.

    Прочитај повеќе

    Напишани 63 казни за пијани возачи

    17.08.2026 во 18:34

    Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети

    17.08.2026 во 18:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.