Close Menu
Press24
    Најново

    Уапсен скопјанец со кокаин за продажба во домот на Аеродром

    14.03.2026 во 11:49

    Петрушевски: СДС и ССМ се исти, денешниот протест е политичка измама

    14.03.2026 во 11:48

    Трамп: Војната со Иран ќе завршам кога ќе ми се чини правилно

    14.03.2026 во 11:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен скопјанец со кокаин за продажба во домот на Аеродром
    • Петрушевски: СДС и ССМ се исти, денешниот протест е политичка измама
    • Трамп: Војната со Иран ќе завршам кога ќе ми се чини правилно
    • Алиу на годишнината од кочанската трагедија: „Хуманоста нема граници, градиме систем што ќе реагира навреме“
    • СДСМ со силна поддршка за синдикалците: „Ова не е политика, туку борба за корка леб“
    • Полициска рација во Карпош: Уапсени шест лица, запленети различни видови дрога
    • Работнички марш во Скопје: Синдикатот го отфрла покачувањето од 1.667 денари и бара достоинствени плати
    • Мицкоски на Конференцијата за годишнината од кочанската трагедија: Ја плативме сметката за девастиран систем, ова беше најтешкиот ден во мојот живот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу на годишнината од кочанската трагедија: „Хуманоста нема граници, градиме систем што ќе реагира навреме“

    Алиу на годишнината од кочанската трагедија: „Хуманоста нема граници, градиме систем што ќе реагира навреме“

    14.03.2026 во 11:062 Mins Read
    ФОТО: Министерство за здравство
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Една година по катастрофалниот пожар во Кочани, министерот за здравство Азир Алиу на Меѓународната конференција во Скопје се осврна на најтешките моменти низ кои помина здравствениот систем, но и на научените лекции. Во своето воведно обраќање, тој стави силен фокус врз пожртвуваноста на домашниот медицински кадар и помошта од меѓународната заедница во спасувањето на човечките животи.

    „Посебна благодарност упатувам до повеќе од 400 здравствени работници од јавните и приватните здравствени установи од нашата држава, кои во тие денови работеа со исклучителна пожртвуваност, концентрација и професионализам. Вашата професионалност, солидарност и хуманост ќе останат длабоко запаметени. Во мигови кога секоја минута значеше надеж, вие бевте вистински партнери во борбата за секој човечки живот“, истакна Алиу пред присутните.

    Министерот не ја заборави ниту клучната улога на странските држави кои ги отворија своите болници за најтешките случаи, нагласувајќи ја беспрекорната координација меѓу главниот кризен штаб, МНР и МВР, преку која дури 115 пациенти беа безбедно транспортирани на лекување низ Европа.

    „Благодарност и до медицинските тимови од странските медицински центри. Таа поддршка покажа дека хуманоста, стручноста и солидарноста немаат граници кога се спасуваат човечки животи во услови кога секоја одлука мораше да биде брза и прецизна, затоа што беше од животно значење“, додаде министерот.

    Осврнувајќи се на рехабилитацијата, Алиу потенцираше дека третманот на пациентите оди многу подалеку од лекувањето на самите изгореници, посочувајќи на невидливите лузни што ги остави трагедијата.

    „Особено важно беше да разбереме дека последиците од една ваква трагедија не завршуваат со физичките повреди. Тие оставаат длабоки психолошки траги кај повредените, кај нивните семејства, но и кај целата заедница. Затоа, психолошката и психо-социјалната поддршка ја третиравме како составен дел од здравствениот одговор“, рече Алиу.

    На крајот од својот говор, тој јасно ја лоцираше обврската на државата за во иднина, посочувајќи ја потребата од континуирано јакнење на капацитетите на медицинските тимови.

    „Преку соработка, размена на искуства и обуки во странство, мора да продолжиме да го зајакнуваме знаењето и подготвеноста за третман на тешки изгореници, масовни несреќи и долготрајна рехабилитација. Нашата најголема обврска кон жртвите и кон повредените е да продолжиме да градиме систем што ќе штити, ќе реагира навреме и ќе обезбедува највисоко ниво на грижа за секој граѓанин“, заклучи министерот Алиу.

    Популарно

    Петок со сонце и пролетни температури – Од утре лош пресврт со времето

    13.03.2026 во 08:04

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01

    Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО

    13.03.2026 во 22:53

    САД подготвени за масовен удар: „Трамп ги држи сите карти во свои раце“, тврди Хегсет

    13.03.2026 во 21:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.