Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ за ескалацијата во ЕУ: Кога се случи насилството во Париз, ја изведоа војската, а јас немав ниту еден воден топ
    • Димитриеска-Кочоска: Поевтин дизел и пониски акцизи до 2 ноември
    • Македонскиот крем – Де ла крем на концертен предновогодишен спектакл со еден зеназборавен концерт…Сузана, Наум, Миле и Баже и нивните гости во кафеанска ноќ за паметење
    • Серија апсења во Скопје
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос
    • Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите
    • „Ме следеше и ме допираше по телото“ – исплашена скопјанка се јавила во полиција
    • Претепан ученик на голем одмор, напаѓачот извадил и пиштол – Драма пред училиште во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу на годишнината од кочанската трагедија: „Хуманоста нема граници, градиме систем што ќе реагира навреме“

    Алиу на годишнината од кочанската трагедија: „Хуманоста нема граници, градиме систем што ќе реагира навреме“

    14.03.2026 во 11:062 Mins Read
    ФОТО: Министерство за здравство
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Една година по катастрофалниот пожар во Кочани, министерот за здравство Азир Алиу на Меѓународната конференција во Скопје се осврна на најтешките моменти низ кои помина здравствениот систем, но и на научените лекции. Во своето воведно обраќање, тој стави силен фокус врз пожртвуваноста на домашниот медицински кадар и помошта од меѓународната заедница во спасувањето на човечките животи.

    „Посебна благодарност упатувам до повеќе од 400 здравствени работници од јавните и приватните здравствени установи од нашата држава, кои во тие денови работеа со исклучителна пожртвуваност, концентрација и професионализам. Вашата професионалност, солидарност и хуманост ќе останат длабоко запаметени. Во мигови кога секоја минута значеше надеж, вие бевте вистински партнери во борбата за секој човечки живот“, истакна Алиу пред присутните.

    Министерот не ја заборави ниту клучната улога на странските држави кои ги отворија своите болници за најтешките случаи, нагласувајќи ја беспрекорната координација меѓу главниот кризен штаб, МНР и МВР, преку која дури 115 пациенти беа безбедно транспортирани на лекување низ Европа.

    „Благодарност и до медицинските тимови од странските медицински центри. Таа поддршка покажа дека хуманоста, стручноста и солидарноста немаат граници кога се спасуваат човечки животи во услови кога секоја одлука мораше да биде брза и прецизна, затоа што беше од животно значење“, додаде министерот.

    Осврнувајќи се на рехабилитацијата, Алиу потенцираше дека третманот на пациентите оди многу подалеку од лекувањето на самите изгореници, посочувајќи на невидливите лузни што ги остави трагедијата.

    „Особено важно беше да разбереме дека последиците од една ваква трагедија не завршуваат со физичките повреди. Тие оставаат длабоки психолошки траги кај повредените, кај нивните семејства, но и кај целата заедница. Затоа, психолошката и психо-социјалната поддршка ја третиравме како составен дел од здравствениот одговор“, рече Алиу.

    На крајот од својот говор, тој јасно ја лоцираше обврската на државата за во иднина, посочувајќи ја потребата од континуирано јакнење на капацитетите на медицинските тимови.

    „Преку соработка, размена на искуства и обуки во странство, мора да продолжиме да го зајакнуваме знаењето и подготвеноста за третман на тешки изгореници, масовни несреќи и долготрајна рехабилитација. Нашата најголема обврска кон жртвите и кон повредените е да продолжиме да градиме систем што ќе штити, ќе реагира навреме и ќе обезбедува највисоко ниво на грижа за секој граѓанин“, заклучи министерот Алиу.

    Прочитај повеќе

    Серија апсења во Скопје

    20.10.2026 во 16:01

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос

    20.10.2026 во 15:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.