Close Menu
    Најново

    Минималецот ќе расте во март: Еве за колку денари ќе се зголемат платите на работниците

    22.12.2025 во 15:32

    Божиновска смирува: Нема да има криза, државата има резерви на мазут

    22.12.2025 во 15:30

    Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје се нормализира, откажани осум летови

    22.12.2025 во 15:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Минималецот ќе расте во март: Еве за колку денари ќе се зголемат платите на работниците
    • Божиновска смирува: Нема да има криза, државата има резерви на мазут
    • Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје се нормализира, откажани осум летови
    • МВР: Имаме најголема доверба меѓу граѓаните за справување со корупцијата
    • Трагедија на естрадата: Загина Самир Хоџиќ, долгогодишниот хармоникаш на Ханка Палдум
    • Украл паричник од куќа во Кочани, па со соучесници „испразниле“ 90.000 денари од банкомат
    • Скопјанец претепан на Средно Водно
    • Мицкоски: Градиме енергетски суверенитет – 97 милиони евра за модерна и чиста македонска енергија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Алиу: Им се извинив на сите 11 вработени во пералната на Клинички центар „Мајка Тереза“

    Алиу: Им се извинив на сите 11 вработени во пералната на Клинички центар „Мајка Тереза“

    23.09.2025 во 21:16
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во пералната на Клинички центар „Мајка Тереза“ бев пред месец ипол, два. Им се извинив на сите 11 вработени во пералната. Дефинитивно ако влезете таму се враќате минимум 50 години назад и инфраструктурно и со опрема внатре и технологија. Во моментов и да сакаме да инвестираме во неа нема да можеме. Имаме јавно приватно партнерство со една приватна компанија од 2019 година. Оттогаш досега компанијата инвестирала во една јавна здравствена установа во делот од таа инфраструктура за стерилизација и земена е под менаџирање пералната во Клиничкиот центар, истакна министерот за здравство Азир Алиу.

    Појасни дека од Државниот санитарен и здравствен инспекторат написмено известиле дека фирмата не ги задоволува ни минималните услови да работи и свесни за тоа анализирале што може понатаму.

    – Вработените подолг период немаат плати. Ние се справуваме месец месец и ипол со фирмата да има чисти чаршафи. Компанијата денеска достави писмено барање за да може да се отстапи таа институција, значи пералната на Клинички центар, и со такво барање и извештајот од Министерството денес ја известив Владата дека понатаму ќе мора со институцијата да се справуваме ние како држава и да ракуваме. СОЗР и Министерството ќе менаџираат. Периодот не е поволен, бидејќи сме пред избори. Ништо во оваа фаза нема да можеме како Министерство ни да отвораме јавна набавка, ни да можеме да ги исплатиме вработените во пералната. Периодот од сега до завршување на изборите ќе трае месец ипол два, рече Алиу во вечерашната Топ Тема.

    Посочи дека утре во 8 часот свикал состанок за да може да утврдат кои ќе бидат насоките од нивните експертите за да се справат со таа институција.

    -Уверувам дека ниедна клиника нема да остане без услуга. Некои од клиниките имаат локални перални, ќе ги искористиме, ако има потреба ќе креираме и втора и трета смена. Исто така ГОБ „8 септември“ и Градската болница имаат перални и ќе ги здружиме силите за инфраструктура и човечки ресурси за да може овој период да излеземе во пресрет на сите клиники, додаде Алиу.

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Снег за новогодишната ноќ во Македонија

    22.12.2025 во 11:12

    Трамп ја повлекува Агелер: Македонија дел од големата „чистка“ на американските амбасадори

    22.12.2025 во 10:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.