На самиот ден на стапување во сила на законскиот пакет „Safe City“, Алијансата за Албанците (крилото на Таравари) поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на овие решенија. Партијата смета дека законите се дискриминаторски бидејќи не се применуваат подеднакво на целата територија на државата.
Адвокатот Абидин Абдули, ангажиран од партијата, истакна дека целта е секој закон да важи за сите граѓани во секој дел од Република Северна Македонија.
„Како што најавија нашите пратеници од собраниската говорница, законите од пакетот ‘Safe City’ ќе бидат оспорени пред Уставниот суд на денот на нивното стапување во сила. Овие иницијативи ги поднесовме со цел секој закон да важи за сите граѓани“, изјави Абдули.
Од партијата нагласуваат дека секој правен акт мора да биде правичен и да обезбеди исти права за сите, без селективност.

