Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров, со што и формално започна неговиот втор четиригодишен мандат.
Со новиот мандат, Стојкоски добива нова можност да го продолжи континуитетот на развојот во Ѓорче Петров. Градоначалникот најави уште посилен интензитет на работа, реализација на капитални инвестиции и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
-Денешното уверение е потврда за довербата што граѓаните на Ѓорче Петров ми ја дадоа, но и обврска да продолжам уште поодговорно, со уште повеќе работа и резултати. Благодарен сум за секоја поддршка, за секој граѓанин што препозна искреност, посветеност и конкретни дела. Ѓорче го менуваме таму каде што никој не се осмелил да работи со години. Во наредниот период, продолжуваме со нови проекти, инвестиции во инфраструктура, образование, спорт и животна средина и се со една цел – Ѓорче Петров да биде најпосакувано место за живеење во Скопје – изјави градоначалникот Стојкоски.
Тој нагласи дека довербата што ја добил од граѓаните е најсилна потврда дека општината се движи во вистинска насока. Тимот на Општина Ѓорче Петров, како што додаде, ќе продолжи да работи во духот на транспарентност, отчетност и европски стандарди во локалното управување.
- Јелена Томашевиќ се струполи на сцената: Итно однесена во болница, концертот прекинат
- Војната на Блискиот Исток влегува во третиот ден
- Наутро минус, попладне пролет – УХМР најавува раст на температурите
- Телефонски разговор Муцунски – Ал Мураихи: Целосна поддршка кон Катар
- Телефоните во Амбасадите ѕвонат – Повеќе од 150 македонски државјани побарале евакуација
- Седницата на Советот за безбедност траеше повеќе од два часа – Нема причина за загриженост во моментов
- Скопјанка преживеала хорор од поранешниот сопруг
- Скопјанец дивеел во Шутка

