На 18.11.2025 во 13:30 часот на Граничен премин Ќафасан, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.К.(59) од Република Албанија.
При гранична контрола и проверки во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се 332 парчиња риба-белвица.
Тој е предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Струга за понатамошна постапка и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

