Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари

    29.10.2026 во 16:19

    МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат

    29.10.2026 во 16:11

    А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

    29.10.2026 во 16:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал
    • Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
    • Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги
    • Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош
    • Државата преговара за поевтин гас, в понеделник ќе се знае дали горивата ќе поскапат
    • Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алармантно: Водата во овој град во Македонија не е безбедна за пиење

    Алармантно: Водата во овој град во Македонија не е безбедна за пиење

    10.02.2026 во 14:521 Min Read
    ФОТО: Freepik
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Водата од струшкиот водовод е здравствено небезбедна за пиење поради многу висока заматеност во изворот „Шум“ и низ сите мерни места низ градот. Првичните анализи на Центарот за јавно здравје Охрид покажуваат дека заматеноста во изворот Шум е 28,56%, а максимално дозволена концентрација 1,5%.

    Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје Охрид информира дека се земени мостри за испитување, како од изворот така и од повеќе мерни места во градот и оти е видлив висок степен на обоеност и висока матност.

    „Земени се мостри од вода за испитување. Хлор имаше, но има висок степен на обоеност и висока матност и таа автоматски спаѓа во здравствено неисправна вода. Ги чекаме резултатите кои во четврток треба да се готови. Утре ќе одиме повторно, ќе земеме вода од изворот, да видиме дали почнала матноста да се намалува или не“, посочи Симоноска.

    Таа појасни дека е потребно механичко чистење на резервоарите и поголема количина хлор.

    И Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека водата во градот Струга и околината не е чиста и не треба да се користи за пиење или други потреби.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари

    29.10.2026 во 16:19

    МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат

    29.10.2026 во 16:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.