Алармантната состојбата и во Дојран - потребна е воздушна помош

 


Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ!, објави на неговиот фексбук профил градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Пожарот кај ова дојранско село се гасне веќе трет ден, а според последната информација од Центарот за управување со кризи (ЦУК) гори нискостеблеста шума.

Два тима на пожарникари од ТППЕ Струмица по наредба на градоначалникот Костадин Костадинов заминаа на помош на своите колеги во Крива Паланка и селото Николиќ, Дојран, за да помогнат во справувањето со големите огнени стихии.

Инаку, лани, на почетокот на август, имаше голем пожар пред селото Николиќ, кој се гаснеше со поддршка од воздух.

ТППЕ Струмица пред малку објави дека во последен момент е спречено разгорувањето на шумскиот пожар што избувнал попладнево во падините на Беласица, над селото Мокрино. Екипи на ТППЕ Струмица, помогнати од ЈП „Национални шуми“ и месното население го изгаснле пожарот.

09.07.2025 - 16:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега