Уште еден тропски ден ја чека Македонија, но и цел регион. Според информациите од српските медиуми, топла воздушна маса од Западна Европа го шири своето влијание кон исток и ќе го зафати и нашето подрачје. Од денеска се очекува тропски бран со температури повисоки од 35 степени.

Поради високите температури, Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) за денеска активираше портокалов и жолт метеоаларм.

Температурата низ целата земја ќе достигне околу 35 степени, а локално ќе надмине и 35°C.

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер.  Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени.

Exit mobile version