Акциска контрола во тетовско: Пронајдена дрога, неиздавање фискални сметки
На 17.09.2023 во 01.10 часот, согласно претходно изготвен оперативен план за контрола на угостителски објекти, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и ЕБР во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд извршија акциска контрола во угостителски објект во Жеровјане, општина Боговиње.
При контролата затекнати се четири странски државјанки (од Србија, Украина, Молдавија и Албанија) како и 55 гости, меѓу кои и двајца малолетници. На подот во објектот пронајдена е паковка со прашкаста материја. Од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки, а од страна на ДИТ лица кои непријавени вршат работни активности. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа