Инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по наредените мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот, опремата и машините во кујната во ОУ “Димо Хаџи Димов”, денес, повторно земаа брисеви од работните површини во кујната, со цел утврдување на најзината безбедност. На вонредни здравствени санитарни прегледи упатени се и вработените во кујната, која ќе остане затворена се до добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста.
АХВ официјално ги доби резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри храна и брисеви, од работни површини, прибор, машини и од вработените лица во кујната во ОУ “Димо Хаџи Димов” и од вонредните инспекциски контроли кои беа спроведени во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопанисува истиот оператор со храна. Со 600 евра во денарска противвредност и 300 евра за одговорносто лице, казнет е операторот со храна бидејќи со земените мостри храна од ОУ “Димо Хаџи Димов”било потврдено дека послужената мусака, не ги задоволува микробиолошките критрериуми за безбедност, односно утврдено е
присуство на бактерија (Enterobacteriaceae).
Од земените мостри храна и брисеви од во рамки на превентивните вонредни контроли во деветте основни училишта, кај една мостра од храна (намаз) утврдено е присуство на бактерија ешерихија коли, за што е наредено намазот да се исфрли од употреба. Два од тестираните брисеви биле позитивни, но, кај нив не е утврдено присуство на патогени бактерии.
На операторот со храна за утврдените недоследности со превентивните вонредни контроли, изречени му се две парични казни по 900 евра во денарска противвредност ( 600 евра за операторот и 300 евра за одговорното лице), а за непоседување на сертификат за завршен курс по хигиена за едно лице и немање соодветни технички услови за работа ( немање на топла вода) во две училишни кујни изречена е и вкупна казна од 650 евра во денарска противвредност.
- Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
- Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
- Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
- Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
- Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
- Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
- Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
- Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме

