Ахмети - Јазбец: ДУИ е сериозна и стабилна партија

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција,Али Ахмети, се сретна со Словенечкиот Амбасадор во Скопје, Милан Јазбец.
„Средбата се одвиваше во пријателска атмосфера каде соговорниците разменија мислења за добро спроведените предвремени Парламентарни избори во Македонија.
Соговорниците истакнаа дека изборите се спроведоа успешно, во демократски дух и во согласност со демократските стандарди.
Ахмети подвлече дека на земјата и се потребни демократски институции произлезени од изборите од 15 јули  за истите да превземаат целосна одговорност за лошата економска ситуација и со непрекината пандемија.
Причината зошто се забрзаа изборите и се одржаа сред лето беше поради итната потреба за да се состане собранието и да се изгласа нова владата која ќе ја менаџира ова ситуација. Ахмети рече дека Демократската Унија за Интеграција е стабилен и сериозен субјект, спремен да продолжи со конструктивниот придонес“, информираат од ДУИ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега