Ахмети: ДУИ ќе оди во опозиција ако следната влада не го промени Уставот

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети најави дека неговата партија ќе оди во опозиција ако следната влада не го промени Уставот.

-Изборите кои се пред нас, парламентарните и претседателските, се од одлучувачка важност во ова битка. Затоа на овие избори одлучивме да побараме од Вас да останеме заедно, да се построите со нас за реализација на нашето барање (од 2016 и 2020) за уставн измена и избор на Претседателот и Заменик Претседател на државата во Собрание, вклучување на бугарската и другите заедници во Уставот и да и кажеме одлучно НЕ на Русија, и ДА на Европа.  Пред Вас, давам одлучен завет дека ние нема да бидеме дел од ниту една влада која нема да го промени Уставот и ќе одиме во опозиција за да се бориме и да ги победиме екзистенцијалните закани за нашата земја. За ова, ја бараме Вашата доверба затоа што овие работи бараат моќна, силна партија за одлучно да се соочи со големите прашања, докажана во минатото дека ги остварила големите ветувања, што го направила тоа што го кажала, рече Ахмети. 

22.02.2024 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега