Адвокат е убиениот кај Мавровка - го ликвидирале пред неговата сопруга

 

Адвокат е жртвата на пукотницата на паркингот кај Мавровка, дознава „Press24“. Според наши неофицијални информации, ликвидацијата се случила пред очите на неговата сопруга. Адвокатот клекнал на колена, но сепак сторителот испукал еден куршум во неговата глава.

Извори на Press24 неофицијално велат дека сторилите им се познати на службите. Полицијата веќе фатила еден, а по другиот сѐ уште се трага.

Убиството се случи околу 10 часот на паркингот кај Мавровка. На терен се полициски службеници кои го обезбедуваат просторот. Неофицијално, пукано било и врз полициски службеник по што почнала потера по сторителите.

Ова е втора пукотница во Скопје за помалку од 24 часа. Вчера вечерта во Сингелиќ пукано беше од возило во движење, а едно лице со повреди беше однесено во Клиничкиот центар. Засега не се знае дали има поврзаност меѓу двата случаи. Се чекаат и МВР и Јавното обвинителство да излезат со детали за денешното убиство.

20.08.2024 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега