АД ЕСМ: Топлинска енергија ќе продолжи да се испорачува за граѓаните на Скопје и по завршувањето на грејната сезона

Топлинска енергија ќе продолжи да се испорачува за граѓаните на Скопје и по завршувањето на грејната сезона, 15 април, информираат преку соопштение надлежните од АД ЕСМ.

„Со оглед на временската прогноза која најавува пониски температури за недела, понеделник и вторник, трите компании кои го обезбедуваат парното греење во Скопје, БЕГ, Скопје Север и ЕСМ-
Енергетика, ќе продолжат да испорачуваат топлина, регулирано согласно утврдените правила и дијаграми, во зависност од атмосферските услови и надворешните температури во различни периоди од денот“, се вели во нивното соопштение.

„Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од стрна на РКЕ, снабдувањето со топлинска енергија може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°C, според податоците од Управата за
Хидрометеоролошки работи на Р.Северна Македонија“, додаваат од АД ЕСМ.

15.04.2022 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега