Close Menu
Press24
    Најново

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23

    Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани

    31.10.2026 во 16:13

    Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго

    31.10.2026 во 15:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
    • Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Аца Лукас тврди имало 2000 луѓе во локалот во Кавадарци, градоначалникот Јанчев вели дека нема да дозволи да се повтори нешто како трагедијата во Кочани

    Аца Лукас тврди имало 2000 луѓе во локалот во Кавадарци, градоначалникот Јанчев вели дека нема да дозволи да се повтори нешто како трагедијата во Кочани

    23.11.2025 во 13:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Настапот на познатиот српски пејач Аца Лукас во Кавадарци во петокот беше ненадејно прекинат околу полноќ, по интервенција на полицијата.

    Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за Сител изјави дека интервенцијата била неопходна поради сериозни безбедносни прекршувања и пренатрупаност на локалот.

    Јанчев посочи дека кафетеријата има капацитет за околу 200 гости, додека внатре биле присутни повеќе од 700 лица, што значи тројно надминување на дозволениот број.

    „Општината нема да дозволи да се повтори нешто како трагедијата што ја видовме пред неколку месеци во Кочани. Нема да дозволиме пренатрупани локали без основни безбедносни мерки“, нагласи Јанчев.

    Градоначалникот објасни дека организаторите претходно побарале дозвола за користење на дополнителен јавен простор за маси, но барањето било официјално одбиено од безбедносни причини.

    Дополнителни прекршувања биле:

    • Настапот се одвивал подолго од дозволеното работно време (ограничено до 01:00 часот по полноќ).
    • Ангажманот на изведувачот не бил пријавен во Агенцијата за вработување или во Министерството за труд.

    Самиот Аца Лукас на Инстаграм ја објасни ситуацијата, тврдејќи дека огромниот интерес и присуството на околу 2.000 гости предизвикале гужва што довела до интервенција.

    Прочитај повеќе

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23

    Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани

    31.10.2026 во 16:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.