АА: Нападот на обезбедувањето на Мицкоски врз полицаец, докажа дека насилството е политичка алатка на ВМРО-ДПМНЕ

Нападот на обезбедувањето на Христијан Мицкоски врз полицаец, докажува дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател воопшто не се сменети од стариот менталитет, велат од Алијанса за Албанците.

Оваа партија, како што додаваат во нивното соопштение, уште еднаш докажа дека насилството го препознава како политичка алатка и тоа е предупредување за тоа што планираат да го вратат.

„Бараме МВР да го расветли овој случај до крај и соодветно да го санкционира. Бараме од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно да им се извини на граѓаните и на припадниците на полицијата за овој скандал.
Алијансата за Албанците отсекогаш била свесна за опасностите од таквите политики, па затоа не дозволувала земјата да се лизне во небезбедни сценарија. Во оваа насока беа и нашите политики и активности“, се истакнува во дописот од партијата.

Заштитата на граѓаните и нивната иднина, за Алијанса за Албанците, се приоритет и одговорност над сите одговорности, потенцираат во напишаното.

19.02.2024 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа