Close Menu
Press24
    Најново

    Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар

    10.06.2026 во 10:36

    Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска

    10.06.2026 во 10:34

    Вртоглави цени во Европа: Еве во кои градови квадратот надминува 18.000 евра, а стан со една спална е милион

    10.06.2026 во 10:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар
    • Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска
    • Вртоглави цени во Европа: Еве во кои градови квадратот надминува 18.000 евра, а стан со една спална е милион
    • Апокалиптични сцени во Словенија: Силна бура активираше 50 свлечишта, штетите се во милиони евра
    • Тутунот да се третира на правилен начин – клучни препораки од СЕКЕ Прилеп
    • Град Скопје со известување до граѓаните
    • Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип
    • Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мојсова: време да ги споиме зборовите со дела

    Мојсова: време да ги споиме зборовите со дела

    06.10.2025 во 20:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Карпош е нашиот дом, нашите улици, дворови, училишта, спомените од детството и надежите, порача д-р Маја Мојсова Мијовска, кандидат за градоначалничка на Карпош од СДСМ, најавувајќи визија за нов почеток и суштинска промена во начинот на функционирање на општината.

    Таа нагласи дека Карпош се соочува со реални проблеми кои повеќе не смеат да се игнорираат: загаден воздух, дупки по тротоарите, диви депонии, сообраќаен метеж, темни улички, преполните паркинзи, оштетени јавни површини, недостиг на зеленило и простор за децата, нефункционална инфраструктура.

    Мојсова ја претстави и својата програма за темелна трансформација на Карпош, базирана на инклузивност, транспарентност, зелена енергија, квалитетна социјална грижа и развој на младиот потенцијал.

    -Реконструкција на секој кварт: нови паркови, осветлување, дрвореди, детски игралишта. Грижа за зеленилото со системски пристап. Домови на култура и центри за млади во помалите населби, подобрување на водоводната и канализациска мрежа, јавни консултации, транспарентна администрација, засилена контрола од граѓанскиот сектор, поддршка за мали бизниси и иновации се само дел од програмата, рече Мојсова.

    Особено значајни проекти во програмата за Карпош се и младински културен спортско рекреативен центар, нови детски градинки во Влае, Нерези и покрај Вардар, со што ќе се стави крај на листите на чекање.

    „Карпош ќе добие свое претпријатие за хигиена, паркинзи и јавен ред, со специјализирани возила и опрема, со цел чистота и уредност во секоја улица. Во најоптоварените зони , Лептокарија, Влае, Карпош 4, кај Воената болница, ќе се постават монтажни паркинг платформи со бесплатен паркинг за жителите на општината.“, порача Мојсова Мојовска.

    Во програмата се и поддршката за децата и образованието со субвенции и бесплатен базен, мобилна здравствена заштита и грижа за ранливите, ангажирање на пензионерите.

    „Како лекар, научив дека ништо не се решава со одложување, дека секоја криза бара знаење, брза реакција и тимска работа. Сега е време да ги споиме зборовите со дела. Да гласаме за број 5, за надеж, за доверба, за нашиот дом Карпош. Број 5 за Карпош што го сакаме“, порача Мојсова. 

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ

    10.06.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.