Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Персискиот Залив: Убиен член на екипаж при ракетирање на два нафтени танкери

    12.03.2026 во 09:44

    Нови детали за трагичната несреќа на братот на Дарко Лазиќ: Драган немал соодветна возачка дозвола

    12.03.2026 во 09:34

    Ракетен напад врз италијанската база во Ирак: Војниците во последен момент спасени

    12.03.2026 во 09:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Крвав напад во Персискиот Залив: Убиен член на екипаж при ракетирање на два нафтени танкери
    • Нови детали за трагичната несреќа на братот на Дарко Лазиќ: Драган немал соодветна возачка дозвола
    • Ракетен напад врз италијанската база во Ирак: Војниците во последен момент спасени
    • „Има помош за живот без насилство“ – Превентивна кампања на МВР
    • ФОТО: Си замина мирно во сон – Последната фотографија од актерот Кили
    • Од -5 на 20 степени – Температурите утринава низ Македонија
    • Дневен хороскоп: Пресврт кај Овенот, се отвораат нови врати за Шкорпијата
    • Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене

    Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене

    06.10.2025 во 12:232 Mins Read
    Angel Angelovski photo
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, во емотивен говор на промоцијата на кандидатурата за градоначалник и советничката листа за Општина Центар, изнесе серија причини и аргументи зошто Мирослав Лабудовиќ е најдобриот можен избор за градоначалник на централната скопска општина.

    „Иако можеби сме различни по карактер, јас во секој твој збор се препознавам себе си,“ рече Димитриевски. „Ти посакувам да ја шириш таа твоја позитивна енергија низ Центар, низ центарските маала, па и пошироко за да видат луѓето кој е тој Мирослав Лабудовиќ што ја доби можноста да биде кандидат на ЗНАМ во Општина Центар.

    Фаворит кој на следните избори ќе оствари извонреден резултат. Сакам да ве уверам сите дека со својата инженерска прецизност, заедно со твојот тим, по четири години ќе бидеш подобар градоначалник од Максим Димитриевски, затоа што сум сигурен дека ќе управуваш успешно и ќе нижеш успеси со општината.“

    Димитриевски ги повика присутните на конвенцијата со сета енергија што ја поседуваат да тропнат на вратата на секој дом во Центар и да му дадат поддршка на Лабудовиќ, уверувајќи ги граѓаните дека ЗНАМ го има најдобриот можен кандидат што ќе ја предводи општината во следниот мандат, како и најквалитетните кандидати за советници на нивните листи. „Кандидатите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија не се борат за власт. Ние се бориме за одговорност, да преземеме одговорност, да управуваме со општините и да работиме во интерес и за доброто на сите граѓани. Затоа што ние сме излезени од народот, работиме за народот и ќе работиме исклучиво за него, а не на кој било друг начин,“ нагласи Димитриевски.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.