Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија
    • Додиќ: Може да сметате на тоа дека Ратко Младиќ е убиен
    • Објавена листата со сите примени во средното полициско училиште
    • Економски патриотизам: САД им ставија царини – Канаѓаните престанаа да купуваат американски производи
    • Не изненади гужвата на Табановце
    • Седнала на ручек – на мобилен добила 1,7 милиони долари награда
    • Од вчера „Сејф Сити“ почна да казнува и мотори
    • Цените во маркетите засега стабилно високи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 30 години од атентатот врз Киро Глигоров – извршителите се уште не се познати

    30 години од атентатот врз Киро Глигоров – извршителите се уште не се познати

    03.10.2025 во 11:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 3. октомври во 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.

    Глигоров со тешки повреди на главата, го прeживеа нападот. На местото на настанот загина неговиот возач Алекасндар Спировски, а повреден беше и телохранителот на тогашниот претседател Илчо Теовски. Од последиците од експлозијата загина и Христо Христоманов, случаен минувач. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски, исто така случајни минувачи.

    Истрагата која беше спроведена утврди дека нападот бил добро испланиран и организиран, но и натаму, ниту организаторите ниту извршителите не се изведени пред лицето на правдата.

    Атентатот беше извршен со возило „цитроен ами 8“, во кое беа скриени 20 килограми експлозив, активиран од далечински управувач, во миговите кога возилото со Глигоров се движеше кон зградата на Собранието, а експлозијата се случи пред хотелот Бристол.

    Експлозивната направа била производство на ЈНА, а содржела еден килограм пластичен експлозив, со стотици челични топчиња кои имаат смртоносно дејство во радиус од околу 50 метри. Автомобилот „ами-8“ бил намерно избран за поставување на бомбата затоа што има тенок лим.

    Тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски на првата прес конференција организирана во тогашните американски простории, во центарот во Скопје, изјави  дека во организацијата на атентатот е вклучена една мултинационална финансиско-економска групација, практично, со седиште во  една соседна земја.

    Беа извршени претреси на повеќе од 30.000 возила, легитимирани беа 188.000 лица. Во истрагата биле вклучени и безбедносни служби на САД, Германија и Британија, но и натаму извршителите не се познати.

    За обидот за атентат врз него, Глигоров напиша и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовира во 2002 година. 

    Глигоров почина од природна смрт на 94-годишна возраст на 1. јануари 2012 година.

    Прочитај повеќе

    Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Словенија

    27.08.2026 во 20:35

    Објавена листата со сите примени во средното полициско училиште

    27.08.2026 во 20:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.