Close Menu
Press24
    Најново

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17

    Огромен скандал во Црна Гора: Уапсен маж кој го отстранил државното знаме и се заканувал со смрт

    09.06.2026 во 22:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди
    • Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер
    • Огромен скандал во Црна Гора: Уапсен маж кој го отстранил државното знаме и се заканувал со смрт
    • Голема полициска акција во БиХ: Уапсени 13 лица, запленет цел арсенал оружје и експлозиви
    • Ноќно апсење на Велешко Езеро: Фатен маж со марихуана
    • Бугарија ги блокира камионите со млеко на граница: Се воведуваат итни лабораториски тестови за увозот од ЕУ
    • Зеленски од Талин: Го добив посакуваниот резултат од писмото што му го испратив на Путин
    • Блокирана првата комеморативна монета од 2 евра на Бугарија: Неименувана членка на ЕУ поднесе приговор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сообраќаен колапс во Скопје: Граѓаните заглавени во гужва скоро еден час

    Сообраќаен колапс во Скопје: Граѓаните заглавени во гужва скоро еден час

    02.10.2025 во 17:52Updated:02.10.2025 во 17:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Попладнево главниот град е целосно заглавен во сообраќаен колапс. Според сообраќајната мапа, речиси сите клучни улици и булевари се обележани со црвена боја, што укажува на долги застои и метеж.

    Дождот кој без прекин паѓа веќе 24 часа дополнително ја отежнува ситуацијата, но не ги спречи жителите на Аеродром да продолжат со блокадите на мостот „Близнаци“. Тие и денеска го искажаа својот револт поради честото палење на дивата депонија „Вардариште“.

    Од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ велат дека протестите траат веќе еден месец и најавуваат порадикални блокади доколку институциите не ги прифатат нивните барања – затворање на депонијата, постојан 24-часовен надзор и оградување на просторот.

    Најкритично е на потегот од Центар кон Автокоманда преку „Ист Гејт“ и Аеродром, каде застојот е најголем. Граѓаните се предупредуваат да го избегнуваат овој дел од градот и да користат алтернативни правци.

    Сведоштвата на возачите го потврдуваат хаосот:

    – „Од полициска станица Беко до Тутунски комбинат, цели 45 минути.“

    – „Од мостот кај ‘Бриколаж’ до пожарната во Автокоманда – 45 минути.“

    – „Ист Геј, стоиме во место цели 30 минути.“

    На социјалните мрежи пак, револтот расте. „Да не си во сообраќај во Скопје моментално – дрски и безобразни све,“ коментираат твитерџиите, прашувајќи се дали буквално цело Скопје е блокирано.

    Прочитај повеќе

    За првпат досега: Лаптопи за најдобрите средношколци на манифестацијата „Првенец на генерација“

    09.06.2026 во 20:39

    Обезбедени 50 милиони денари: Во Аеродром ќе се гради нова противпожарна станица

    09.06.2026 во 16:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.