Во соработка со фондацијата „Конрад Аденауер“ и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“, од 27 до 29 ноември во Охрид се одржува Политичката академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Академијата е посветена на унапредување на политичкото образование, зајакнување на лидерските капацитети и поголемо учество на жените во процесите на одлучување.
На отворањето на Академијата свои обраќања имаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателката на Унијата на жени, Марија Митева, Давор Пашоски од фондацијата „Конрад Аденауер“, раководителот на ПИАЦ, Светислав Васев, и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Преку програмата се опфаќаат политичкиот идентитет и демохристијанските вредности, одговорното лидерство и современите предизвици во политичката комуникација. Посебно внимание се посветува на работата на Извршниот комитет на Унијата на жени, на утврдувањето програмски приоритети и на координацијата на идните активности во рамките на заедничката политичка агенда.
Со одржувањето на Академијата ја потврдуваме нашата заложба за континуирано јакнење на партиските капацитети и за суштинско учество на жените во креирањето и спроведувањето на политиките. Политичката одговорност подразбира знаење, подготвеност и постојана комуникација со граѓаните, а политичката едукација е важен предуслов за исполнување на тие обврски.
Остануваме посветени на поддршката на женското лидерство и на создавањето можности за поголем придонес на жените во јавниот и политичкиот живот. Преку заедничка работа и јасно утврдени приоритети, продолжуваме да развиваме политики во интерес на граѓаните и на Македонија.

