Close Menu
Press24
    Најново

    Лукаревска: Недозволиво е Славески да го доведува во ризик банкарскиот систем, граѓаните заслужуваат одговори за Алта банка

    27.11.2026 во 20:54

    Димитриевски: Ставот на ЗНАМ за правосудниот испит е непроменет, очекуваме лидерска средба во декември

    27.11.2026 во 20:43

    Утре продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027

    27.11.2026 во 20:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лукаревска: Недозволиво е Славески да го доведува во ризик банкарскиот систем, граѓаните заслужуваат одговори за Алта банка
    • Димитриевски: Ставот на ЗНАМ за правосудниот испит е непроменет, очекуваме лидерска средба во декември
    • Утре продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027
    • Густа магла на патот Тетово – село Лисец
    • Левица: Укинувањето на Колективниот договор ги загрозува правата на над 2.000 културни работници
    • Укинат Колективниот договор за културата, оставен рок од пет месеци за постигнување нов договор
    • Сиљановска-Давкова се сретна со косовската претседателка: Фокус на образованието и науката
    • Сиљановска-Давкова се сретна со Чупиќ: Македонија и Србија ќе ја продлабочуваат соработката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукаревска: Недозволиво е Славески да го доведува во ризик банкарскиот систем, граѓаните заслужуваат одговори за Алта банка

    Лукаревска: Недозволиво е Славески да го доведува во ризик банкарскиот систем, граѓаните заслужуваат одговори за Алта банка

    27.11.2026 во 20:544 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на ТВ Сител, посочи дека скандалот со Алта банка и начинот на кој гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски, ја извршува супервизорската функција се сериозна причина за покренување интерпелација за неговото работење. 

    Лукаревска посочи дека недозволиво е гувернерот Трајко Славевски, како прв човек и столб на банкарскиот систем, да дава контрадикторни изјави за случајот со Алта банка, наместо да обезбеди целосна транспарентност и јасни одговори. 

    „Слушавме најразлични контрадикторни изјави од страна на гувернерот Трајко Славески, којшто, внимавајте, има седумгодишен мандат. Јас тоа и на надзорната расправа го кажав бидејќи побарав негова оставка“, рече Лукаревска.

    Таа посочи дека е недозволиво гувернерот на Народната банка, како стожер на банкарскиот систем, да се впушта во политички препукувања и истовремено да дава контрадикторни изјави за сопственоста на Алта банка, додека институцијата на чие чело е дала согласност за членство на Давор Мацура во Надзорниот одбор.Ова е една причини како што кажа Лукаревска и за поднесувањето на интерпелацијата за Славески од страна на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

    „Недозволиво е на еден гувернер на Народната банка, стожерот на банкарскиот систем, да се препукува со изјави со политичари на платформата Икс, да дава скандалозни изјави за нешто коешто направи бура од реакции во јавноста. Тој исто на еден друг медиум ни рече дека не знае во чија сопственост е Алта банка. Од друга страна, Народната банка дава согласност на Давор Мацура да биде дел од Надзорниот одбор. Значи, тие се контрадикторни изјави и врз основа на сите овие елементи ние имаме обврска да поднесеме интерпелација за неговото работење“, рече Лукаревска.

    Во интервјуто, Лукаревска, посочи дека проблемот е и во недостигот на транспарентност и конкретни одговори од гувернерот за клучни прашања поврзани со влезот на Алта банка. Таа посочи дека сè уште нема јасно објаснување како биле утврдени лимитите за повлекување средства од Алта банка, ниту соодветни одговори за односите со Комисијата за хартии од вредност и постапувањето на Македонската берза.

    „Тој е најповикан, пред сè затоа што е беше транспарентен, пренервозен кога новинарите, медиумите сакаа да добијат конкретни одговори. Исклучително важно е што целата постапка во врска со Алта банка тој мораше да ја презентира на еден многу смирен и на еден точен начин. А слушајќи ги изјавите во сиот овој период, ние гледаме дека тој ништо конкретно нас не ни кажува. Исто така, она коешто е важно, зошто немаме конкретен одговор и од надзорната расправа, немаме конкретен одговор за оние лимити коишто ги даде на физичките лица да можат да повлекуваат средства од Алта банка. Како ги утврди тоа? Исто така, немаме соодветни одговори и во неговата корелација на односи со Комисијата за хартии од вредност. Од друга страна, видовме и Македонската берза дека Алта банка ја стави на дел на испитување, ако можам сега понародски така да го кажам во некој нивен речник. Значи, сите чекори во целата постапка соодејствуваат на негово несоодветно и неодговорно работење, а од друга страна премалку транспарентност и отчетност кон граѓаните и кон јавноста, што му е обврска“, рече Лукаревска.

    Лукаревска информираше дека по поднесената интерпелација, гувернерот Славевски има рок од 20 дена да одговори. Паралелно со интерпелацијата, Лукаревска посочи дека надзорната расправа за Алта банка мора да даде конкретни резултати и одговори за јавноста. Таа нагласи дека сите поканети сведоци имаат морална и етичка обврска да се одѕвијат и транспарентно да го презентираат своето работење.

    „Тие доаѓаат за да транспарентно го видиме нивното работење, да ни пренесат одредени информации коишто секако не само за нас, за целата јавност се многу битни и мора да покажат одредена доза и на морал и на етика и на одговорност, пред сè, затоа што неслучајно токму тие се одбрани да ги дадат соодветните одговори“, рече Лукаревска.

    Притоа, Лукаревска најави дека сведоците кои досега не се одѕвале повторно ќе бидат поканети, а нивните имиња ќе бидат објавени на веб-страницата на Собранието.По завршувањето на расправата и сослушувањето на сите сведоци, треба да се донесат конечни заклучоци, кои ќе бидат презентирани пред јавноста и ќе покажат кој е одговорен и кои контролни механизми потфрлиле.

    „Откако ќе се донесат тие заклучоци, се надевам дека ќе го видат светлото на денот, тие треба да бидат презентирани пред јавноста и понатаму да се види кој според нас е одговорен, кој треба да сноси одредена одговорност, каде треба да го коригираме системот, каде треба да го зацврстиме, кој контролен механизам потфрлил и така натаму“, рече Лукаревска.

    Прочитај повеќе

    Димитриевски: Ставот на ЗНАМ за правосудниот испит е непроменет, очекуваме лидерска средба во декември

    27.11.2026 во 20:43

    Утре продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027

    27.11.2026 во 20:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.